СКОПЈЕ 2028 | Град кандидат за Европска престолнина на културата за 2028 година

ШТО Е ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА (ЕПК)?

Европската престолнина на културата (EПK) е град назначен од Европската унија (ЕУ) за период од една календарска година во текот на којa градот организира серија културни настани со силна паневропска димензија. Европска престолнина на културата е титула и престижна едногодишна културна манифестација која e созададена и постои за да ги истакне и слави богатството и разновидноста на културите во Европа. Секоја година нови градови се избрани за Европски престолнини на културата, преку кои се охрабрува чувството на припадност на европските граѓани кон заедничкиот културен простор.

Идејата за воспоставување на титула под името Европски град на културата е првпат
презентирана во 1983 година од страна на тогашната грчка министерка за култура Мелина Меркури. Две години подоцна, во 1985 година, Атина станала првиот назначен град за Европска престолнина на културата и оттогаш проектот почнал да бележи сериозна и богата традиција.

Секоја година, Панелот на експерти составен од избрани преставници на Европската Комисија, Европскиот Парламент, Советот на Европа и Комитетот на регионите ги оценува градовите кандидати кои аплицирале за ЕПК и ги избира носителите на титулата. Досега се избрани повеќе од 40 градови (ЕПК за 2020-та се Ријека, Хрватска и Головеј, Ирска).

Започнувајќи од 2021 година, градови од земјите кандидати и потенцијални кандидати за членки на ЕУ, имаат можност да бидат носители на титулата ЕПК еднаш на три години. Одлуките за 2021 (Нови Сад) и за 2024 (Бодо, Норвешка) се веќе донесени. Следна година на ЕПК за земји кои не се членки на ЕУ ќе биде 2028.


ЗОШТО СКОПЈЕ 2028 – ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА?

Титулата Европска престолнина на културата е можност градот да генерира значителни културни, социјални и економски придобивки и може да помогне во поттикнување на урбаната регенерација, промена на имиџот на градот и подигнување на неговата видливост и профил на меѓународно ниво, вдишување нов живот во градската култура и зајакнување на туризмот. Европска престолнина на културата е катализаторски процес кој отвора нови можности за градење на партиципативна, транспаретна и долгорочна и одржлива визија на градот. ЕПК функционира како амалгам којшто постои за да ги обедини и активира граѓаните и за да го врати колективното чувство на нивна припадност во локалната заедница. Идејата за кандидатурата за ЕПК треба треба биде јасна за сите граѓани и во неа треба да земат учество сите засегнати страни од различните сектори коишто може и треба да придонесат во создавањето на содржините и нивната реализација.

Градот Скопје одбира да учествува во овој проект поради тоа што тој нуди шанса, низ долгогодишна подготовка на кандидатурата, да развие богата и актуелна културна понуда, да отвори процеси на себеиспитување и да ги зајакне капацитетите за управување со сложени, амбициозни културни проекти. Во овој процес, градот ќе добие можност да ја истакне својата разновидност, мултикултуралност, транскултуралност, повеќејазичност и европски идентитет. Скопје ќе има прилика да да ги обедини луѓето и нивните различни интереси, да иницира дијалог и создаде нова позитивна енергија. Проектот ќе се фокусира на создавање на нов меѓународен имиџ, кој ќе привлече повеќе уметници, творци, културни експерти, но и туристи кои ќе ја подобрат локалната економија. ЕПК ќе го афирмира културниот статус на градот во поширокиот европски простор, но побитно од тоа – ќе им дозволи на граѓаните преку културата самите да дејствуваат врз колективен соживот.

Во 2014 година Град Скопје ја најави идејата за кандидатура за титулата ЕПК. Во 2018 година се создадоа институционални услови за  почнување на процесот на развој на кандидатурата. Во 2019 година Советот на Град Скопје донесе одлука да се влезе во процес на кандидирање за ЕПК за 2028.


ТИМ

Проект на Град Скопје

Носител на проектот: Јавна Установа Универзална Сала Скопје 

Тим (2022-2023)

Горјан Христовски – Директор на ЈУ „Универзална сала“

д-р Иванка Апостолова – Програмска менаџерка на проектот Скопје 2028/раководител на бид бук тимот

Адријана Божиноска – Главен координатор на проектот Скопје 2028,

(Одделение за култура – Сектор за Јавни дејности на Град Скопје)

Давор Буињац (Словенија) – Уредник на бид бук; Консултант на проектот Скопје 2028

д-р Филип Петковски – Експерт, културно наследство и дигитална култура, Скопје 2028

Ивона Здравевска – Експерт, маргинализирани групи, лица со посебни потреби, Скопје 2028

Бесфорт Идризи – Експерт, културна едукација, Скопје 2028

Драгана Велковска, Марјан Калевски  –  Експерти, животна средина, Скопје 2028

Насер Мифтари – Експерт, етнички заедници, деца и млади, Скопје 2028

Елена Бојаџиева – Експерт, развој на креативни и културни индустрии, Скопје 2028

Александар Колекески – Експерт, европска димензија и меѓународни соработки, Скопје 2028

Весна Дамчевска – Експерт, пр и маркетинг стратегија, Скопје 2028

Сузана Жилич-Фишер (Словенија) – Експерт, евалуација и мониторинг,  Скопје 2028

Соработник: Антонио Димитров (ЈУ Културно Информативен Центар – КИЦ-Скопје),

Координативно тело

Данела Арсовска – Градоначалничка на Град Скопје

Зоран Глигоров – Секретар на Град Скопје  

Тања Балаќ – Раководител на Секторот за Јавни дејности на Град Скопје  

Роберт Алаѓозовски – Стратешки координатор на проектот Скопје 2028, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на Република Северна Македонија

Ирина Ставрева – Министерство за култура на РСМ

Соработници (град Скопје): Петар Гичаровски, Марија Арнаудоска, Ведат Алија, Александра Михајловска, Данче Сотироска, Антонио Караланов, Метин Хасанбеговиќ, Атина Цветаноска, Соња Цветковиќ-Чолакова, Даниела Адамова, Александра Џаџовска-Пандиловска, Маја Атанасијевиќ и Наташа Маневска.

Досегашни тимски соработници и координативни тела/Скопје 2028

(2012-2021): Градоначалници (Коце Трајановски (2012-2017), Петре Шилегов (2017-2021); Филип Аврамчев (Директор на ЈУ Универзална сала 2018-2021); Виолета Качаковска (Менаџер на проектот 2018-2021); Оливер Мусовиќ (Менаџер за развој на концепт на проектот Скопје 2028 – 2018-2021); Давор Буињац (ЕПК Консултант/Експерт, Словенија – 2012-2020); Соња Ставрова (Асистент координаторка на проектот Скопје 2028 – 2018-2021); Никола Наумовски (Шеф на кабинет на Градоначалник на Град Скопје 2018-2021); Антонио Павловски (Раководител на одделение за култура  – 2018-2021); Соработници: Мања Величковска (2020-2021); Емил Лазаревски (2020-2021); Стефан Александар Јовановски (2020-2021); Вера Бошковска (Директор на ЈУ Универзална сала 2012-2017); Нада Пешева (Одделение за култура на Град Скопје 2012 – 2017); Адријана Божиновска (Проектен координатор ЈУ Универзална сала, Скопје/Град Скопје 2014-2022); Иванка Апостолова (Надворешен проектен и програмски соработник 2015, 2017); Тимот на ЈУ Универзална.