Skopje Light Festival 2022

Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој светлосни дизајнери и уметници по петти пат на Скопје и скопјани им ја претставија магијата на светлосната уметност.
Темата на петтиот SKOPJE LIGHT FESTIVAL беше рефлексијата која нѐ поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат. На 5-то издание учество земаа авторите: Рубин Трајковски, Анета Стојчевска, Зоран Тошевски, Бобан Манов, Мартин Димитријев,Т33 креатив енд ко, Ана Трајковска, Кристина Пауновска- Гиразова, Елизабета Тошевска и Перо Кованцалиев.
Исто така, имавме можност да ги видиме и учениците од ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски” со 18 проекции на анимации изработени за време на училишните часови. Со своја инсталација се престави и тимот на светлосни дизајнери при матичната институција, а во специјално дизјанираната „чил“ зона посетителите на фестивалот ги забавуваат диџеите Бранчез, Зоки Бејбе, Вишко, Сашо-Узун, Томи Бојаџи и Маци Стојановиќ.
За да одговориме на предизвиците на енергетската криза која ја одбележа 2022, а да не се донесеше во прашање одржувањето на фестивалот, бројот на фестивалски денови сe сведен на само 2 дена, сите инсталации и перформанси беа со ЛЕД осветлување и имаа минимална потрошувачка, а граѓаните на Скопје можеа да уживаат во културното збиднување исто како сите граѓани на големите европски метрополи, а дополнително со темата рефлексија се постигна максималниот светлосен ефект преку помалку извор.
Настанот беше во организација на ЈУ Универзална Сала, финансиран од Град Скопје а поддржувачи на настанот беа: Државна лотарија, Антена 5 радио, Фондацијата Јунус Емре и Маратон Груп.