Јавен повик за проектот ”Скопје Европска престолнина на културата 2028”

ЈУ Универзална Сала Скопје, како носител на проектот ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“, ги поканува сите физички и правни лица (Невладини Организации, уметници, културни творци и експерти, Јавни Установи, Национални Установи и сите заинтересирани граѓани) кои гравитираат на територијата на градот Скопје, и на територијата на Скопски плански регион, да аплицираат на објавениот повик за:

  • Надворешен соработник консултант со претходно искуство за подготовки на формирање на тело које ќе работи во текот на реализацијата на проектот со соодветно искуство.
  • Стрип уметник за креирање на 5 страници за поддршка . Цртежите ќе бидат наменети за презентација пред членовите на Европска комисија за култура.
  • Раководно лице за водење на проектот Скопје2028 до моментот на основање на Скопје2028 како посебно тело.
  • Раководно лице на краетивниот дел на Скопје2028 до моментот на основање на Скопје2028 како посебно тело.
  • Надворешен соработник за култура, арт и дизајн.
  • Надворешен соработник за градски водич за посетите што ќе бидат направени за Скопје2028.
  • Надворешен соработник консултант со предходно искуство во водење на веќе избрани градови за Европска престолнина.
  • Надворешен соработник PR и маркетинг
  • Надворешени соработници како членови на комисија за избор на проекти за дополнителна програма за Скопје 2028 во делот на:
    o Маргинализирани групи
    o Креативни индустрии
    o Еко практики
    o Експерт од претходни програми на веќе добиени претходни Европска Престолнина градови.

Во овој ангажман е предвидено патувања и сместување за потребите од проектот.

Апликантите да достават покрај CV и дел од досегашната работа во полето за кое аплицираат. Дополнителна документација доколку е потребна ќе биде побарана од страна на комисијата.

Крајниот рок за аплицирање е 25 октомври 2023 година до 15:00 часот.

Апликациите треба да се испратат електронски на адреса: skopje2028@gmail.com со назнака: За јавен повик за проектот ”Скопје Европска престолнина на културата 2028”.

Јавен повик за проектни идеи како составен дел од апликативната книга БИД БУК за проектот ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“

Поради потребата од пообемна програма ЈУ Универзална Сала Скопје, како носител на проектот ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“, ги поканува сите физички и правни лица (Невладини Организации, уметници, културни творци и експерти, Јавни Установи, Национални Установи и сите заинтересирани граѓани) кои гравитираат на територијата на градот Скопје,  и на територијата на Скопски плански регион, да аплицираат на објавениот повик за прибирање на проектни идеи, кои ќе бидат вклучени во апликативната книга БИД БУК како последната фаза од кандидатурата на градот Скопје за престижната титула Европска Престолнина на Културата – ЕПК 2028.

Како главен град на земја на пат да стане членка на Европската Унија, ние треба да ѝ го покажеме на Европа нашиот културен карактер и нашето богато културно наследство обликувано низ вековите преку испреплетување и проникнување на различни етникуми и култури. Целта е да го прикажеме живиот уметнички потенцијал на Скопје, како и нашата живописна и разновидна културна сцена.

Мотото на апликативната книга за ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“: ,,КУЛТУРА НАД ПОДЕЛБА” – CULTURE OVER DIVISION

Концептуалната идеја е поделена на четири централни теми, структурирани во следните четири програмски насоки:

  • Уметност за надеж – Art4Hope  Чувството на апатија и безнадежност претставуваат една од најголемите пречки за развојот и на поединецот и на заедницата и против нив треба да се бориме со сите сили. Во овие рамки, наш приоритет е да ги поттикнеме сите уметници и креативци да учествуваат заедно со другите граѓани во создавањето надеж и верба дека Скопје може да стане подобро место за живеење.
  • Заедништво – Togetherness – Како што претходно беше споменато, солидарноста е составен дел од ДНК на Скопје, што најдобро се покажа по земјотресот во 1963 година. Меѓутоа, во овој век, се чини дека исчезнува толеранцијата, дијалогот, меѓусебното почитување и разбирањето меѓу жителите.На Скопје му е очајна потреба од разумно преуредување во согласност со принципите на солидарност, инклузивен раст и меѓусебни врски.
  • Обновување – rECOvering – Насилниот и деструктивен урбанизам спроведен од претходните градски власти ги остави градот и неговите луѓе поподелени од кога било. Потребното зеленило во центарот на градот е целосно уништено. Скопје се најде на врвот на топ листите за најзагадени градови во Европа и светот. Потребни се прогресивни и заеднички напори, како и интерсекциски пристап за да се обезбеди закрепнување и ревитализација.
  • Креирање – CreARTing – Креаторите на ИКТ го отвораат патот кон иднината. Невклучувањето во динамични технолошки трендови значи пропуштање на иднината. Затоа ја поврзуваме уметничката креативност со новите технологии и науката; поттикнување на креативното и културното претприемништво; намалување на дигиталниот јаз меѓу генерациите; подобрување на пристапот до иновативно образование базирано на технологија; поттикнување на претприемничкото размислување на младите, отворање нови работни места во секторот на креативните индустрии; и Скопје да го ставиме на глобалната мапа на креативни градови.

Предложените проекти може да се реализираат во рамките на една и/или повеќе од горенаведените теми и сите треба да имаат капацитет да се имплементираат на меѓународно ниво, вклучувајќи меѓународни партнери.

Уметниците, креаторите и другите културни актери треба да ги предложат своите предлози на важни прашања поврзани со иднината на градот и квалитетот на животот на неговите жители во рамките на секоја програма. Широката концепција на културата како „начин на живот“ е нашата појдовна точка. На овој начин посакуваме што поголем број граѓани да се вклучат во проектот Европска Престолнина на Културата 2028, за да се стимулира нивниот активен ангажман за справување со прашања од секојдневниот живот.

Во врска со темите и повеќе информации за проектот, ви предлагаме да ја посетите веб страната https://www.skopje2028.mk каде на полето превземања можете да ја симнете првата апликативна книга Бид Бук по која градот Скопје влезе во преселктивната втора фаза.

Услови за аплицирање:

Предложените проекти да содржат резиме од 200 до 500 зборови, на македонски јазик, со основни информации за проектот, така што ќе одговорите на клучните прашања:

  • Наслов на проект, на која тема е вашиот проект, што е целта на вашиот проект, зошто е важно за темите со кои се занимавате, која е вашата целна публика, како планирате да го реализирате вашиот проект, времетраењето, спецификација на буџет и планирани проектни партнери (локални, национални, европски, меѓународни), носител на проект.

Во однос на фокусот и целта на проектот, предлагаме да се водите по следниве насоки: иновативни ИТ проекти, развој на публика, едукација, зајакнување на финансиските капацитети (преку процеси на кофинансирање на локално, државно, меѓународно ниво, спонзорства, донации), зајакнување на човечките капацитети (преку проекти за образование и доживотно учење и вклучување на што поголем број локални, регионални и меѓународни уметници и експерти во проектот), волонтеризам, учество, т.е. учество на граѓаните, инклузивност, преку соработка на уметници и експерти на локално, регионално и меѓународно ниво, како и преку интернационализација на сцената и резиденцијалните програми.

Важно е да се напомене следново: доколку доставите апликации со веќе  постоечки програми, проекти и настани, со одредена традиција во оддржување на истите, реализирани од страна на Јавни Установи, Јавни Институции и НВО нема да бидат поддржани на овој Јавен повик.

Селектираните проекти од страна на комисијата ќе бидат пишани во апликативната книга Бид Бук во период до 2028 година.

Крајниот рок за аплицирање е 23 август 2023 година до 15:00 часот.

ПРЕЗЕМИ ФОРМУЛАР ЗА АПЛИКАЦИЈА :

Формулар-за-проектни-идеи-МК3580Download

Апликациите треба да се испратат електронски на адреса: skopje2028@gmail.com

info@univerzalna.com.mk со назнака: Јавен Повик за проектни идеи како составен дел од апликативната книга БИД БУК за проектот ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“.

Јавен повик за проектни идеи како составен дел од апликативната книга БИД БУК за проектот ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“

ЈУ Универзална Сала Скопје, како носител на проектот ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“, ги поканува сите физички и правни лица (Невладини Организации, уметници, културни творци и експерти, Јавни Установи, Национални Установи и сите заинтересирани граѓани) кои гравитираат на територијата на градот Скопје,  и на територијата на Скопски плански регион, да аплицираат на објавениот повик за прибирање на проектни идеи, кои ќе бидат вклучени во апликативната книга БИД БУК како последната фаза од кандидатурата на градот Скопје за престижната титула Европска Престолнина на Културата – ЕПК 2028.

Крајниот рок за аплицирање е 16 август 2023 година до 15:00 часот.

ПРЕЗЕМИ ФОРМУЛАР ЗА АПЛИКАЦИЈА :

Апликациите треба да се испратат електронски на адреса: skopje2028@gmail.com

info@univerzalna.com.mk со назнака: Јавен Повик за проектни идеи како составен дел од апликативната книга БИД БУК за проектот ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“.

Јавен Повик за проектни идеи како составен дел од апликативната книга БИД БУК за проектот ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“

Крајниот рок за аплицирање е 05 јули 2023 година до 15:00 часот. *

ПРЕЗЕМИ ФОРМУЛАР ЗА АПЛИКАЦИЈА :

Апликациите треба да се испратат електронски на адреса: skopje2028@gmail.com

info@univerzalna.com.mk со назнака: Јавен Повик за проектни идеи како составен дел од апликативната книга БИД БУК за проектот ,,Скопје Европска престолнина на културата 2028“.

  • *рокот е продолжен на 20.06.2023 од 23.06.2023 вo 05.07.2023