Хронологија на активности

2022

  • На 16 декември 2022 г. градот Скопје влезе во вториот круг за натамошна селекција за титулата ЕПК Скопје 2028 во категорија на ЕПК градови од земјите на ЕФТА/ЕЕА     ЛИНК
  • Изработка на бид бук за пре-селекција, под мотото КУЛТУРАТА ПРОТИВ ПОДЕЛБИТЕ, за Скопје 2028.
  • Реализирано е новото издание на културниот настан Бела ноќ, 2022.
  • Реализирано е новото издание на Skopje Light Festival, 2022.
  • Формирање на менаџерски и бид бук тим, ангажирање на консултант, за проектот Скопје 2028.
  • Формирање на ново координативно тело на Град Скопје, за проектот Скопје 2028.
  • Одобрување и подготовки на проектот Скопје 2028 за процесот на пре-селекција (краен рок: 11 ноември 2022 г.).
  • Изработка на бид бук за пре-селекција, под мотото КУЛТУРАТА ПРОТИВ ПОДЕЛБИТЕ, за Скопје 2028.
  • Формирање на менаџерски и бид бук тим, ангажирање на консултант, за проектот Скопје 2028.
  • Формирање на ново координативно тело на Град Скопје, за проектот Скопје 2028.
  • Одобрување и подготовки на проектот Скопје 2028 за процесот на пре-селекција (краен рок: 11 ноември 2022 г.).

2021

  • Реализиран фото есеј за АМОК радио – урбан и модерен простор и онлајн музичка платформа.
  • Потпишано писмо за соработка со Тренчин 2026 во рамки на кандидатурата за Европска престолнина на културата и воспоставена соработка. Прва реализирана соработка  беше учеството на словачкиот уметник Матеј Цервенан на Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2021“.
  • Тимот на СКОПЈЕ 2028 активно учествуваше во изработка на Долгорочна Стратегија за развој на културата на Град Скопје за периодот 2021 – 2030 која беше прифатена од Советот на Град Скопје во септември.
  • Формирано е координативното Тело „Скопје 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата”. Ова тело има за цел да ја помага работата на тимот на СКОПЈЕ 2028 година и даде поддршка во активностите поврзани со кандидатурата на град Скопје за ЕПК 2028.
  • Реализирани сесии за јакнење на капацитети, трансфер на знаења и примери на добри пракси во подготовка, имплементација и евалуација на програма на Европски престолнини на културата за тимот на Скопје 2028, градот Скопје и соработници од локален контекст водени од Франко Бианчини (Италија/Англија) и Џонатан Гудејкер (Англија).
  • Воспоставени контакти и реализирани онлајн средби со претставници на Даугавпил 2027, Латвија и Елефсина 2023, Грција
  • Реализирани серија на културни настани (концерти, филмски проекции, настапи на диџеи) во мај и јуни на Зелениот Кров на ДК „Кочо Рацин” во партнерство помеѓу Скопје 2028, Универзална Сала и МКЦ
  • Третиот онлајн њузлетер на СКОПЈЕ 2028 е издаден и дистрибуиран
  • Реализирани две волонтерски акции за истражување на публиката за задоволството од културната понуда во градот поврзана со конкретни културни настани: мини Земјотрес #9 фестивал за свежа домашна музика и фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско #9.
  • Реализирана меѓународна соработка за трансфер на знаење, добри практики и вмрежување на СКОПЈЕ 2028 како дел од резиденцијалната сесија Европската диплома по културен проектен менаџмент во Северна Македонија, во партнерство со фондацијата „Марсел Хиктер“ од Брисел и Град Скопје. 
  • Презентирање на кандидатурата на Скопје 2028 за ЕПК и работата на тимот како во рамки на тридневниот циклус на јавни настани на Министерството за култура на Р. С. Македонија и Канцеларијата на Креативна Европа – Култура – „Креативна Европа – Дома“.
  • Реализиран фото есеј за скопското урбано пчеларство.
  • Работна посета на Нитра и Тренчин, словачки кандидати за ЕПК 2026 на делегација на Скопје 2028 и Град Скопје.
  • Назначување на нов легален ѕид во општина Кисела Вода со акција за цртање графити „Кисела Вода графити џем” организирана во соработка со Графити Шоп Хром, со учество на 20 македонски цртачи и неколку улични уметници од Германија и Белгија.
  • Назначување на првите два легални ѕидови во градот и акција на цртање на легалниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов по повод 26 јули 2021 година, на денот на Солидарноста, како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, со учество на  седум домашни улични уметници.
  • Спроведено истражување за скопската улична-уметност и потребата од легални ѕидови – „Legal Walls”.  Покрената инцијатива за назначување на легални ѕидови во градот и реализирано истражување на можни локации по предлог на улични уметници од градот.
  • Реализиран фото есеј за дигиталната библиотека при ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.
  • Вториот онлајн њузлетер на СКОПЈЕ 2028 е издаден и дистрибуиран.
  • Реализиран фото есеј за Скопјани и љубовта кон гулабарството.
  • Реализирана средба во Скопје и „ЕПК Разговор“ со финскиот светло уметник Кари Кола, светски признаен уметник кој има продуцирано повеќе од 2.000 инсталации меѓу кои и „Дива убавина“ која го отвори Галвеј 2020.
  • Првиот онлајн њузлетер на СКОПЈЕ 2028 е издаден и дистрибуиран.
  • Воспоставување на YouTube канал на СКОПЈЕ 2028, со видеа од сопствена продукција – најпрво, серијата на видео интервјуа под наслов „ЕПК Разговори“ чија цел е размена на искуства и споделување на добри пракси за кандидатурата за ЕПК од градови кадидати и градови носители на титули. Се разговараше со: Вук Радуловиќ, Менаџер на секторот за меѓународна соработка на Фондацијата „Нови Сад 2021 – ЕПК“, Ирена Крегар Шегота, Извршна директорка на Риека 2020 ЕПК и Симона Л. Нојман, Извршна директорка на Асоцијацијата Темишвар ЕПК 2023.
  • Фото-сторија за графитите и муралите во Скопје на социјалните медиуми на СКОПЈЕ 2028.
  • СКОПЈЕ 2028 дава свој придонес кон развојот на „Стратегијата за млади на град Скопје 2021-2025“.

2020

  • Со цел мапирање на повеќе значајни теми, идеи, проблеми и решенија за определените области беа развиени различни тематски прашалници (покрај поединечните уметнички области, беа развиени и прашалници за теми поврзани со креативните индустрии, културниот туризам, едукација, меѓународна соработка, дигитална средина, животна средина, социјална инклузија и посебно за секторите во градската администрација) кои беа дистрибуирани до културните работници и останати кои работат и се стручни во дадените дејности. Добиените одговори беа систематизирани и анализирани, резимирани и од нив беа извлечени позначајни теми.
  • Одржана прва средба со волонтерите на која е презентиран проектот и планираните активности до крајот на 2020 година.
  • Со цел да се добијат информации за состојбите во културните институции на територијата на градот Скопје, начинот на која тие функционираат од програмски, менаџерски и техничко-оперативен карактер, на каков начин се финансираат, какви типови на програми имаат, какви соработки на домашно и меѓународно ниво остваруваат, со кои проблеми и предизвици во работата се соочуваат и какви идеи и потенцијал за развој имаат, се спроведе анкета на културните институции на територијата на градот Скопје (и градски и национални). Добиените одговоридадоа аналитички приказ на состојбите во институциите и ќе бидат користени понатака во развој на одредени теми и проекти во рамки на програмата на Скопје 2028.
  • Дел од тимот на Скопје – град кандидат за ЕПК 2028 учествува во организација на активностите од проектот на Град Скопје: „Култура во време на корона“, проект за поддршка на музичките уметници кои останале без своите редовни приходи за време на КОВИД-19 пандемијата и доближување на културата до сечиј дом
  • Во канцеларијата на Скопје град кандидат за ЕПК 2028 се оддржа работнилница со консултантот Давор Буињац, кој сподели лични искуства од постапката за апликација на другите кандидати и зборуваше за идните чекори на Скопје како град-кандидат за ЕПК. На работилницата присуствуваа раководителите на секторите од Град Скопје.

2019

  • При крајот на декември, одржана е работилница за стратешко планирање на кандидатурата на Скопје град кандидат за ЕПК 2028, на која се дефинираше комплетирање на организациската поставеност за изработка на „Bid book“ за кандидатурата на градот.
  • Роберт Алаѓозовски и Антонио Павловски, како претставници на координативното тело, учествуваа на презентацијата во рамки на програмата за различни Европски престолнини на културата на јапонската невладина организација „EU Japan Fest“ во Берлин (Германија).
  • Тимот на Скопје град кандидат за ЕПК 2028 во Бугарија оствари работен состанок со програмскиот тим на Пловдив – Европска престолнина на културата за 2019.
  • Објавен е зборник на текстови од меѓународна конференција „СКОПЈЕ 2028 – Град кандидат за Европска престолнина на културата“. Публикацијата е достапна електронски, бесплатна е за преземање од веб страната на проектот на македонски и албански јазик.
  • Остварена е работна средба со градот Леуварден (Холандија) ЕПК 2018 (носители на програма, културни работници, лица вклучени во истражување и планирање на Програмата и со вработени во локалната самоуправа). Воспоставени се контакти и со Нирнберг град кандидат за ЕПК 2025 (Германија) и Хилдсхајм град кандидат за ЕПК 2025 (Германија).
  • Организацискиот тим на Скопје град кандидат за ЕПК 2028, заедно со учесници-претставници на градската администрација и гости, организираше работилница за развивање на методологијата на концептот за ЕПК, организациската структура и планирање на активностите за кандидатурата. Фасилитатор на работилницата беше Давор Буињац.
  • Објавен е првиот јавен повик за ангажирање на волонтери во Bid office канцеларијата за потребите на кандидатурата на градот.
  • Објавен е првиот двојазичен анкетен прашалник (МК/АЛ) на кој јавноста даде свој придонес за Скопје на патот кон ЕПК за 2028 година.

2018

  • Организирана е дводневна меѓународна конференција на тема „Скопје 2028 град кандидат за Европска престолнина на културата”. Конференцијата за цел имаше да ги запознае граѓаните со проектот ЕПК, детално презентирајќи го процесот на кандидатурата и предизвиците во изработката на кандидатурата пред претставници на културниот, образовен и социјален сектор.
  • Тимот работи на истражување и анализа на пријавни книги на градови кандидати и носители на титулата; официјални документи на Европската комисија поврзани со кандидатурата и аплицирањето (водичи, процедури и критериуми за аплицирање и оценување, фази на оценување и селекција), и ги проучува извештаите на панелот за оценка и селекција на градови кандидати.
  • Формиран е работен тим од независни експерти од полето на културата и одржливиот развој – Оливер Мусовиќ, Виолета Качакова и Мерита Кули, предводен од тогашниот национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка – Роберт Алаѓозовски. Работата на тимот е поддржана преку ЈУ „Универзална Сала” и директорот Филип Аврамчев.
  • Создадени се институционални услови за планско и оперативно отпочнување на процесот за развој на кандидатурата на Скопје за ЕПК 2028 година.

2017

  • Претставени се програмите на европските престолнини на културата Сан Себастијан (Шпанија) 2016, Плзен (Чешка), 2015 и Монс (Белгија) 2015.
  • Одржана е работилница за претставници на образовните, националните, локалните и независните културни институции на тема Европска престолнина на културата 2027 – „Можност за долгорочен развој на градовите“ – ментор Давор Буињац (Словенија) и издадена е брошура за работилницата.

2016

  • Во Скопје одржана е работилница за претставници на Министерството за култура, граѓанскиот сектор активен во полето на културата, претставници од општините и од Градот Скопје, за патот кон титулата ЕПК, под менторство на консултантот и експерт Давор Бујињац (Словенија) и издадена е промотивна брошура.

2015

  • Издадена е публикација – збирка на текстови поврзани со меѓународната работилница „Значењето на титулата ЕПК и нејзиниот придонес за културниот и општиот развој на градот“.
  • Во Скопје организирана е меѓународна работилница на тема „Значењето на титулата ЕПК и нејзиниот придонес за културниот и општиот развој на градот“.
  • Советот на Град Скопје носи одлука за формирање на Иницијативен одбор за Европска престолнина на културата.

2014

  • Советот на Град Скопје започна постапка за активностите потребни за номинирање на градот Скопје за Европска престолнина на културата.
  • Град Скопје ја најави идејата за кандидатура за титулата Европска престолнина на културата како дел од заложбите за европска интеграција на градот. Скопје е главен град на земја со повеќегодишен кандидатски статус за членство во ЕУ.