Во организација на ЈУ Универзална сала, а иницирано од професори и ученици од средните училишта на Град Скопје, годинава за првпат ќе се одржи средношколски настан – СРЕДНОЛЕНД. Повеќедневниот настан ќе се одвива од 2 до 6 мај, на неколку локации во градот, и тоа на Плоштад Македонија, КИЦ, МКЦ и Градски парк – Школка.

СРЕДНОЛЕНД е настан, преку кој талентираните ученици се промовираат себе си, воедно промовирајќи го и своето училиште пред скопјани. Целта на настанот е да ги насочиме учениците кон вистинските вредности, развивајќи интерес кон уметноста и културата, и да го приближиме светот на средношколците до јавноста, преку приказ на нивните таленти и нивните интереси, поставувајќи темел за соработка меѓу училиштата и меѓуинституционална поддршка.

Целта на настанот е да ги поттикнеме средношколците да ги претстават своите теленти преку музика, танц, ликовна уметност, драмска уметност, фотографија, филм.

СРЕДНОЛЕНД е приказ на светот на средношколецот – свет на безгрижност, младост, свет на пријателство.

На настанот учество земаат училишта на Град Скопје:  СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Настанот е финансиски поддржан од Град Скопје.

Ве очекуваме на СРЕДНОЛЕНД, заедно да го проследиме настанот и да бидеме поддршка на младите!