Јавен Повик БЕЛА НОЌ 2025
JУ Универзална сала – Скопjе и градот Скопjе го обjавуваат следниот JАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестациjата БЕЛА НОК 2025 !
Оваа година ќе се одржи јубилејното 21-то издание на „Бела нок”, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ке се одбележи уметноста и креативниот потенцијал
на градот преку настани кои ќе ja заинтригираат јавноста.
За таа цел ЈУ Универзална сала-Скопе и Град Скопје, распишаа јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат
да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопе.
Овогодинешното издание на “БЕЛА НОК” ке се одржи на 4 октомври 2025 на повеќе централни локации низ градот
Скопје.
На конкурсот можат да се пријават уметници кои сакаат да бидат дел од овој настан, а творат во следниве области:
ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип)
ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации)
МУЗИКА
ФИЛМ
ТЕАТАР
JABHA УМЕТНОСТ
УРБАНИ ИЗВЕДБИ И ПЕРФОРМАНСИ
Исто така на огласот можат да се пријават и надворешни соработници (физички лица или здруженија/компании) и тоа:
Лице за изработка на визуелен дизајн за настанот
ПР промоција на настанот
Фото/Видео
Сценографија
Селекциіата ке биде направена од страна на жири комисиіа врз основ на поднесените апликации а водејки се од критериумите
квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и
јавната уметност во опсег на предложениот концепт.
За учество во „БЕЛА НОК” потребно е да се пополни апликациата за учество со следниве документи:
Пополнета апликациіа (Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација, финансиска
конструкција на проектот и др.)
Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата
Фотографии/видеа/каталози или сл.
Документите во писмена форма може да се достават на адреса: Бул Партизански одреди 22 (Зграда на Библ. Браќа
Миладиновци)
Документите во електронска форма може да се достават на e-mail: info@univerzalna.com.mk со назнака Апликација за БЕЛА
НОЌ 2024.
За дополнителни консултации и информации за јавниот повик :
Бул Партизански одреди 22 ( Зграда на Библ. Браќа Миладиновци ) Секој работен ден од 08:00 до 12:00 часот, на е-маил
info@univerzalna.com.mk или на телефонскиот број 02 32 45 615.
Крјниот пок за аплицирање е 05.07.2025.
ЈАВЕН ПОВИК за избор на предлог концепти во рамките на Фестивалот на Светлината
“SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2025”
Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан кој ќе се одржи на 1 Јули 2025 на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видео проекции поставени на различни локации низ централното подрачје на градот своите светлосни перформанси им се промовираат на посетителите.
Светлината е извор на енергија а човекот ја перципира преку бои, сенки и форми. Материјата е во интеракција со светлината и прави формата визуелно да егзистира притоа создавајќи бесконечен свет на трансформација.
Право на учество
На повикот право на учество можат да земат сите заинтересирани автори кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосни инсталации, видео арт или го користат светлото како главен метод на визуелно и уметничко изразување.
На повикот се повикуваат сите заинтересирани учесници да аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства, а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.
Услови за финансирање
За добивање на финансиските средства за спроведување на фестивалот “SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2025”, физичко или правното лице треба да ги исполни следните услови:
· Физичкото или правното лице да се пријави со креативен концепт или дело од областа на светлосната уметност (фокус на Фестивал на светлината), Истиот може да биде во партнерство со национални, јавни, приватни или независни институции и организации од областа на култура, наука и/или технологија.
Начин на аплицирање
Сите заинтересирани кандидати, потребно е да ги пријават своите дела или концепти на официјалниот емаил на фестивалот: info@univerzalna.com.mk или лично во архивата на ЈУ „Универзална сала“ со моментално седиште во ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци” на 2ри спрат, заклучно со 25.06.2025 година.
Со пријавата, заинтересираните кандидати задолжително треба да достават:
· Наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проектот, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција за реализација на истата.
· Да се наведе локација за која се аплицира од локациите кои се обележани на веб – страницата на ЈУ Универзална Сала
· Фотографии и/или видео од делата доколку истите биле претходно изложени
· Потребна опрема за реализација на делото
· Професионално портфолио
· Кратка биографија (CV)
Комисијата го задржува правото да ги промени локациите, зависно од потребите.
Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
——————————————————————————
ЈАВЕН ПОВИК за проектот ,, Акустик Сквер Фестивал ,,
ОПИС НА ПРОГРАМИТЕ / ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ
Манифестација или поточно летен фестивал кој е замислен да се одржи на 04 јули под отворено небо во Скопје, на локации кои се прометни и се наоѓаат на важни места во центарот на градот или други фреквентни места каде што флуктуира многу народ.
АКУСТИК – затоа што се свири на акустични инструменти, СКВЕР – затоа што се одржува на помали и поголеми плоштади и шеталишта, ФЕСТИВАЛ – затоа што ќе земат учество повеќе уметници-музичари.
Апликантите може да дадат сопствена идеја за локација во центарот на градот Скопје, но Универзална сала сепак има право да одлучи околу дефинитивната локација.
Право на учество
- правни лица регистрирани за вршење дејност согласно постојната законска регулатива
- физички лица т.е. уметници, музичари,
- сценограф
- дизајнер за лого
- ПР лице или компанија за социјани медиуми
Критериуми за учество
- Учесникот треба да има USB или линк од досегашни акустични настапи во живо
- Доколку е правно лице треба да достави програма со учесници и листа на нивни досегашни настапи во живо со акустични инструменти
- финансиски најповолна понуда, која е реално остварлива.
Начин на аплицирање
Пријавата задожително треба да содржи:
- детална програма,
- финансиска конструкција за реализација на фестивалот.
Конкурсот трае до 27.06.2025 год.
Пријавите треба да се достават до Ј.У. Универзална сала – Скопје, по пошта или лично на адреса: бул. „Партизански одреди“( Библиотека „Браќа Миладиновци„) во Архивата на Ј.У. Универзална сала – Скопје, најдоцна до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик или по електронска пошта на адреса direktor@univerzalna.com.mk
Трудовите ќе ги оценува Комисија составена од три члена од Ј.У. Универзална сала – Скопје.
Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледани.
ЈАВЕН ПОВИК за избор на предлог програма во рамки на “Меѓународен фестивал на електронска музика 2025”
“Меѓународен фестивал на електронска музика 2025” e музички настан кој ќе се одржи на 27.06.2025 година во Скопје, со цел да понуди квалитетна електронска музика во поинтимна атмосфера на необични локации, со настапи на странски и домашни диџеи.
Превидено е фестивалот константно да евалуира апсорбирајќи нови содржини од современиот електронски звук, проширувајќи ги вообичаените рамки на делување според барањата и очекувањата на посетителите.
Право на учество:
На повикот право на учество можат да земат сите заинтересирани странски и домашни автори кои креираат во сферата на музиката и современиот електронски звук и диџеи кои презентираат нов модерен звук во светот на електронската музика.
На повикот се повикуваат сите заинтересирани учесници (физички и правни лица) да аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства, а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати, потребно е да ги пријават своите дела или предлог проекти на официјалниот е-маил на фестивалот: info@univerzalna.com.mk или лично да ги достават во архивата на ЈУ „Универзална сала“ со моментално седиште во ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци” – Скопје, на 2ри спрат, заклучно со 16.06.2025 година.
Со пријавата, заинтересираните кандидати задолжително треба да достават:
- Наслов, опис, предлог програма со финансиска конструкција за реализација на истата.
- Да се наведе локација
- Потребна опрема за реализација на делото.
- Професионално портфолио.
Предлог проектите ќе ги оценува стручна комисија, за резултатите од повикот, одбраните учесници ќе бидат информирани по е-маил.
Комисијата го задржува правото да ги промени локациите зависно од потребите.
Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледани.
PUBLIC CALL
for selection of a proposed program within the
“International Electronic Music Festival 2025”
The “International Electronic Music Festival 2025” is a music event that will take place on June 27, 2025, in Skopje, aiming to offer high-quality electronic music in a more intimate atmosphere at unique locations, featuring performances by both international and local DJs.
The festival is envisioned as an evolving platform that continuously absorbs new content from the contemporary electronic music scene, expanding the usual boundaries of action in accordance with the demands and expectations of its audience.
Eligibility:
The call is open to all interested domestic and international artists working in the field of music and contemporary electronic sound, as well as DJs presenting a new and modern sound in the world of electronic music.
All interested participants (individuals or legal entities) are invited to apply for full or partial production/financial support, as well as those who do not require any financial assistance but wish to participate in the festival with a specific project/activity.
How to apply:
All interested candidates should submit their works or project proposals via the official festival email: info@univerzalna.com.mk, or deliver them in person to the archive of the Public Institution “Universal Hall”, currently located at the City Library “Brakja Miladinovci” – Skopje, 2nd floor, no later than June 16, 2025.
The application must include:
- Title, description, and proposed program with a financial plan for its realization.
- Suggested location.
- Required equipment for implementation.
- Professional portfolio.
Project proposals will be reviewed and evaluated by a professional commission. Selected participants will be notified via email about the results of the call.
The commission reserves the right to change the proposed locations depending on specific needs.
Incomplete applications, or those submitted after the deadline, will not be considered.
——————————————————————–
Јавен повик за надворешни соработници за СРЕДНОЛЕНД 2025 | Објавен на 02.05.2025 09:00
ЈУ Универзална сала – Скопје и со поддршка на Град Скопје ќе го реализира настанот СРЕДНОЛЕНД. За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје бара лица со соодветно стручно искуство во реализација на настанот за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.
Координатор на проект 1 (еден)
Одговорен професор 15 (петнаесет)
ПР 1 (еден)
Креативен дизајнер 1 (еден)
Модератор 1 (еден)
Фотограф 1 (еден)
Координатор на проект има задача да направи план за проектот, да ги организира и координира останатите учесници во проектот.
Одговорен професор има задача да ги координира средношколците во некоја од уметностите.
ПР има задача да изработи и реализира ПР план на манифестацијата
Креативен дизајнер има задача да изработи неопходен графички материјал.
Модератор има задача го води настанот како водител и да направи сценарио за централната манифестација, и по потреба модератор на театарските претстави и филмски проекции.
Фотограф има задача да фотографира делови од настанот
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е даден на 02.05.2025
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
——————————————————————————————
ЈАВЕН ПОВИК
ЈУ Универзална сала има потреба од лице или компанија за редовно ажурирање на:
WEB страната на установата
Сетирање на електронската пошта на компјутерите во установата
Повикот трае до 17 Септ 2024
———————————————————————————————
ЈАВЕН ПОВИК за избор на предлог концепти во рамките на Меѓународен фестивал на електронската музика
“ Meѓународен фестивал на Електронска музика 2024“
Фестивалот на Електронската музика – e културно-општествен настан кој ќе се одржи на 05.10. 2024 каде електронската музика станува целосно нов ентитет, каде целта е да се понуди поинтимна атмосфера на необични локации каде ќе се презентира квалитетен избор на електронска музика и странски и домашни диџеи и каде младите ќе можат да се изразат преку било која уметничка форма.
Фестивалот константно ќе евалуира апсорбирајќи нови содржини од современиот електронски звук и проширувајќи ги вообичаените рамки на делување според барањата и очекувањата на посетителите и развојот на современите музички правци.
Првото издание ќе ја истражи врската помеѓу електронската музика и човечките вибрации љубители на алтернативната култура.
Да влеземе во моќниот свет на музиката, уметничката форма и енергичните ди џеј сетови.
Право на учество:
На повикот право на учество можат да земат сите заинтересирани странски и домашни автори кои креираат во сферата на музиката и современиот електронски звук и ди џеи кои создаваат нов модерен звук во светот на електронската музика.
На повикот се повикуваат сите заинтересирани учесници (физички и правни лица) да аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства, а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.
Услови за финансирање
За добивање на финансиските средства за спроведување на фестивалот “ Меѓународен фестивал на електронска музика 2024”, физичкото или правното лице треба да ги исполни следните услови:
· Физичкото или правното лице да се пријави со креативен концепт или дело од областа на електронската музика.
· Апликации за одредена локација треба се во согласност со местото, опкружувањето и историското значење на објектите на локацијата.
Начин на аплицирање
Сите заинтересирани кандидати, потребно е да ги пријават своите дела или концепти на официјалниот е-маил на фестивалот: info@univerzalna.com.mk или во адресирано плико по пошта до ЈУ „Универзална сала“ бул. „Партизански одреди“ 45, или лично во архивата на ЈУ „Универзална сала“ со моментално седиште во ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци” на 2ри спрат, заклучно со 16.09.2024 година.
Со пријавата, заинтересираните кандидати задолжително треба да достават:
· Наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проектот, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција за реализација на истата.
· Да се наведе локација за која се аплицира од локациите кои се обележани на веб – страницата на ЈУ Универзална Сала
· Фотографии и/или видео од делата доколку истите биле претходно изложени
· Потребна опрема за реализација на делото
· Професионално портфолио
· Кратка биографија (CV)
Трудовите ќе ги оценува стручна комисија, а за резултатите од повикот, одбраните учесници ќе бидат информирани по е-маил,
Комисијата го задржува правото да ги промени локациите, зависно од потребите.
Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
JУ Универзална сала – Скопjе и градот Скопjе го обjавуваат следниот JАВЕН ПОВИК за програмски активности
за манифестациjата БЕЛА НОК 2024 !
Оваа година ќе се одржи јубилејното 20-то издание на „Бела нок”, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ке се одбележи уметноста и креативниот потенцијал
на градот преку настани кои ќе ja заинтригираат јавноста.
За таа цел ЈУ Универзална сала-Скопе и Град Скопје, распишаа јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат
да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопе.
Овогодинешното издание на “БЕЛА НОК” ке се одржи на 5 октомври 2024 на повеќе централни локации низ градот
Скопје.
На конкурсот можат да се пријават уметници кои сакаат да бидат дел од овој настан, а творат во следниве области:
ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип)
ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации)
МУЗИКА
ФИЛМ
ТЕАТАР
JABHA УМЕТНОСТ
УРБАНИ ИЗВЕДБИ И ПЕРФОРМАНСИ
Селекциіата ке биде направена од страна на жири комисиіа врз основ на поднесените апликации а водејки се од критериумите
квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и
јавната уметност во опсег на предложениот концепт.
За учество во „БЕЛА НОК” потребно е да се пополни апликациата за учество со следниве документи:
Пополнета апликациіа (Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација, финансиска
конструкција на проектот и др.)
Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата
Фотографии/видеа/каталози или сл.
Документите во писмена форма може да се достават на адреса: Бул Партизански одреди 22 (Зграда на Библ. Браќа
Миладиновци)
Документите во електронска форма може да се достават на e-mail: info@univerzalna.com.mk со назнака Апликација за БЕЛА
НОЌ 2024.
ПРЕВЗЕМИ ЈА АПЛИКАЦИЈАТА ТУКА
За дополнителни консултации и информации за јавниот повик :
Бул Партизански одреди 22 ( Зграда на Библ. Браќа Миладиновци ) Секој работен ден од 08:00 до 12:00 часот, на е-маил
info@univerzalna.com.mk или на телефонскиот број 02 32 45 615.
Крјниот пок за аплицирање е 19.08.2024.
ЈАВЕН ПОВИК
ЈУ Универзална сала има потреба од лице или компанија за ажурирање на:
WEB страната на установата
Сетирање на електронската пошта на компјутерите во установата
Повикот трае до 16 Август 2024
————————————————————————————
ЈАВЕН ПОВИК за учесници и соработници за проектот ,, Акустик Сквер Фестивал ,,
,, Акустик Сквер Фестивал ,, е манифестација или поточно летен фестивал кој е замислен да се одржи на 12 јули под отворено небо во македонската престолнина Скопје, на локации кои се прометни и се наоѓаат на важни места во центарот на градот или други фреквентни места каде што флуктуира многу народ.
АКУСТИК – затоа што се свири на акустични инструменти, СКВЕР – затоа што се одржува на помали и поголеми плоштади и шеталишта, ФЕСТИВАЛ – затоа што ќе земат учество повеќе уметници-музичари.
Апликантите може да дадат сопствена идеја за локација во центарот на градот Скопје, но Универзална сала сепак има право да одлучи околу дефинитивната локација.
За потребите на фестивалот потрбни се:
- правни лица регистрирани за вршење дејност согласно постојната законска регулатива
- физички лица т.е. уметници, музичари,
- сценограф
- дизајнер за лого
- ПР лице или компанија за социјани медиуми
Критериуми за учество
- Учесникот треба да има CD или линк од досегашни акустични настапи во живо
- Доколку е правно лице треба да достави програма со учесници и листа на нивни досегашни настапи во живо со акустични инструменти
- финансиски најповолна понуда, која е реално остварлива.
Начин на аплицирање
Пријавата задожително треба да содржи:
- детална програма,
- финансиска конструкција за реализација на фестивалот.
Конкурсот трае до 08.07.2024 год.
Пријавите треба да се достават до Ј.У. Универзална сала – Скопје, по пошта или лично на адреса: бул. „Партизански одреди“( Библиотека „Браќа Миладиновци„) во Архивата на Ј.У. Универзална сала – Скопје, најдоцна до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик или по електронска пошта на адреса direktor@univerzalna.com.mk
Трудовите ќе ги оценува Комисија составена од три члена од Ј.У. Универзална сала – Скопје.
Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледани.
Дополнителни информации може да се добијат на телефон 02/ 3245-615.
———————————————————————————————————————————–
Јавен повик за учесници и соработници во проектот „ Средби во Градскиот парк,,| Објавен на 03.06.2024
Овој настан ќе се случува во градскиот парк на 13 Јули, под покровителство на Град Скопје.
Целта на проектот Средби во Градски Парк е да се организира фестивал на отворено во текот на целиот ден на локација на тревникот помеѓу Школка и фонтаните за пиење вода. На него учество ќе земат домашни артисти со најразлични музички и други перформанси. Локациски предвидено е да се оддржи во Градскиот паркот како место идеално за ваков тип настани.
Во текот на денот предвидени се активности кој што ќе ги анимираат младите и воедно ќе им дадат можност да се запознаат со рекреативните спортови кои се практикуваат во природа велосипед, педал сурф борд, баланс на јаже, хамок, како и многу други содржини кои се користат во природа ќе бидат составен дел од фестивалот.
Настанот ќе биде збогатен со сцена на која ќе настапат музички групи, театарска претстава за деца, комичари, магионичари и др.
За потребите на фестивалот потрбни се:
- правни лица регистрирани за вршење дејност согласно постојната законска регулатива
- физички лица т.е. уметници, музичари, перформери, DJ (ди џеи)
- Просторно планирање и уредување на просторот
- сценограф
- дизајнер за лого и постер
- ПР лице или компанија за социјани медиуми
Критериуми за учество
- да има искуство во реализација на проекти од области културата и музиката
- да има учествувано во културни проекти како изведувач (музичари, глумци, перформери, уметници..)
- различност и мултидисциплинарни активности кои се предвидени во рамките на програмата,
- инвентивност во музичко и уметничко делување
- финансиски најповолна понуда, која е реално остварлива.
Начин на аплицирање
Пријавата задожително треба да содржи:
- детална програма,
- финансиска конструкција за реализација на фестивалот.
Конкурсот трае до 08.07 2024 год.
Пријавите треба да се достават до Ј.У. Универзална сала – Скопје, по пошта или лично на адреса: бул. „Партизански одреди“( Библиотека „Браќа Миладиновци„) во Архивата на Ј.У. Универзална сала – Скопје, најдоцна до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик или по електронска пошта на адреса direktor@univerzalna.com.mk
Трудовите ќе ги оценува Комисија составена од три члена од Ј.У. Универзална сала – Скопје.
Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледани.
Дополнителни информации може да се добијат на телефон 02/ 3245-615.
——————————————————————————————————————–
Јавен повик за надворешни соработници за “Одбележување на годишнина на ЈУ Универзална сала – Скопје”
ЈУ Универзална сала – Скопје со поддршка на Град Скопје ќе го реализира проектот “Одбележување на годишнина на ЈУ Универзална сала -Скопје”. За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје бара лица со соодветно стручно искуство за реализација на проектот за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.
- Лектор на проект 1 (еден)
- Графички дизајнер на проект 1 (еден)
Лекторот има за задача да го лекторира ракописот на монографијата за 60 годишното постоење на ЈУ Универзална Сала. Лицето кое ќе се ангажира треба да ги исполнува следните услови:
- Соодветно образование
- Уверение за положен лекторски испит
- Работно искуство со лекторирање на текстови во медиуми или авторски изданија
Графичкиот дизајнер има за задача ликовно-графички и технички да го уредни изданието. Лицето кое ќе се ангажира треба да ги исполнува следните услови:
- да има искуство во ликовно-графичко и техничко уредување
- да работело на уредување на книги, брошури, каталози
- да има познавање на програмите за графички дизајн: Adobe: InDesign, Photoshop, Illustrator,
PageMaker, Acrobat Professional; QuarkXPress, PowerPoint. - да има познавање од процесот на печатење
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на работата.
Јавниот повик е даден на 20.09.2023 и трае до 01.09.2023 година.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
Јавен повик за одржување на веб страна и Социјални Медиуми | Објавен на 21.08.2023 14:10
ЈУ Универзална сала – Скопје бара стручно лице или компанија со соодветно стручно искуство за одржување на веб страната и социјалните меидуми.
Лицето/Компанијата има задача да изработи годишен план на објави, да објавува за потребите на институцијата и да допринесе за реализација на плановите на ЈУ Универзална Сала, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на работата.
Јавниот повик е даден на 21.08.2023 и трае до 30.08.2023 година.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
Јавен повик за надворешни соработници за “Одбележување на годишнина на ЈУ Универзална сала – Скопје” | Објавен на 23.05.2023 10:45
ЈУ Универзална сала – Скопје со поддршка на Град Скопје ќе го реализира проектот “Одбележување на годишнина на ЈУ Универзална сала -Скопје”. За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје бара лица со соодветно стручно искуство за реализација на проектот за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.
Автор на проект 1 (еден)
Соработник на автор 1 (еден)
Автор на проект за задача има да осмисли монографија за 6о годишното постоење на ЈУ Универзална Сала. Лицето кое ќе се ангажира треба да ги исполнува следните услови:
- Искуство во истражувачко новинарство
- Објавени авторски книги
- Работно искуство во областа на уметност и култура
Соработник на автор за задача има да му помага и извршува зададени задачи на авторот на проектот. Лицето кое ќе се ангажира треба да ги исполнува следните услови:
- Високо образование од областа на култура
- Истражувачки вештини
- Комуникациски способности и тимска работа
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е објавен на 23.05.2023 и трае до 31.05.2023 година
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
Јавен повик за надворешни соработници за Бела ноќ 2023 | Објавен на 09.08.2023 14:30
ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје на 30 Септември ќе го реализираат настанот Бела ноќ 2023. За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје бара лица со соодветно стручно искуство во реализација на настанот за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.
- Сценограф 1 (еден)
- Маркетинг координатор 1 (еден)
- Графички дизајн 1 (еден)
- ПР координатор 1 (еден)
- Фото и видео 2 (два)
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е даден на 09.08.2023 и трае до 19.08.2023 година.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
Јавен повик за избор на надворешни соработници за проектот “Скопје европски град на културата 2028” | Објавен на 03.08.2023 10:16
ЈУ Универзална сала – Скопје со поддршка на Град Скопје го реализира проектот “Скопје европски град на културата 2028“. За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје бара лица со соодветно стручно искуство за реализација на проектот за следните области:
- Дизајн и изработка на прелом на бид боок;
- Превод (македонски-англиски)
- Дизајн на веб страна
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е објавен на 03.08.2023 и трае до 11.08.2023 година
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
Јавен повик за избор на надворешни соработници за проектот “Скопје европски град на културата 2028” | Објавен на 21.07.2023 12:18
ЈУ Универзална сала – Скопје со поддршка на Град Скопје го реализира проектот “Скопје европски град на културата 2028“. За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје бара лица со соодветно стручно искуство за реализација на проектот за следните области:
- ПР и маркетинг;
- Европски интеграции;
- Маргинализирани групи и лица со посебни потреби;
- Етнички заедници и млади;
- Евалуација и мониторинг;
- Културно наследство;
- Развој на креативни, културни индустрии;
- Јазична редакција на бид боок од МК на ЕНГ;
- Дизајн и изработка на прелом на бид боок;
- Заштита на животна средина и природа;
- Главен проект менаџер и сеф на тимот за подготовка;
- Консултант за консултантски и советодавни услуги;
- Одржување веб и социјални мрежи
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е објавен на 21.07.2023 и трае до 28.07.2023 година
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
Јавен повик за надворешни соработници за “Одбележување на годишнина на ЈУ Универзална сала – Скопје” | Објавен на 23.05.2023 10:45
ЈУ Универзална сала – Скопје со поддршка на Град Скопје ќе го реализира проектот “Одбележување на годишнина на ЈУ Универзална сала -Скопје”. За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје бара лица со соодветно стручно искуство за реализација на проектот за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.
Автор на проект 1 (еден)
Соработник на автор 1 (еден)
Автор на проект за задача има да осмисли монографија за 6о годишното постоење на ЈУ Универзална Сала. Лицето кое ќе се ангажира треба да ги исполнува следните услови:
- Искуство во истражувачко новинарство
- Објавени авторски книги
- Работно искуство во областа на уметност и култура
Соработник на автор за задача има да му помага и извршува зададени задачи на авторот на проектот. Лицето кое ќе се ангажира треба да ги исполнува следните услови:
- Високо образование од областа на култура
- Истражувачки вештини
- Комуникациски способности и тимска работа
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е објавен на 23.05.2023 и трае до 31.05.2023 година
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
Јавен повик за надворешни соработници за СРЕДНОЛЕНД 2023 | Објавен на 01.03.2023 09:00
ЈУ Универзална сала – Скопје и со поддршка на Град Скопје ќе го реализира настанот СРЕДНОЛЕНД. За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје бара лица со соодветно стручно искуство во реализација на настанот за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.
Координатор на проект 1 (еден)
Идеен автор за концепт 1 (еден)
Одговорен професор 15 (петнаесет)
ПР 1 (еден)
Креативен дизајнер 1 (еден)
Модератор 1 (еден)
Фотограф 1 (фотограф)
Координатор на проект има задача да направи план за проектот, да ги организира и координира останатите учесници во проектот, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Идејниот автор има задача да изработи концепт и критериуми за настанот и да допринесе за организација и реализација на целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Одговорен професор има задача да ги координира средношколците во некоја од уметностите и да допринесе за организација и реализација на целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
ПР има задача да изработи и реализира ПР план на манифестацијата, да соработува и да допринесе за организација и реализација на целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Креативен дизајнер има задача да ги изработи сите неопходни графички материјали, да допринесе за организација и реализација на целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Модератор има задача го води настанот како водител и да направи сценарио за централната манифестација, да допринесе за организација и реализација на целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Фотограф има задача да фотографира и да снима да направи генерално видео од настанот, да допринесе за организација и реализација на целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е даден на 01.03.2023 и трае до 15.03.2023 година
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
Јавен повик за ДиЏеј | Објавен на 10.08.2022 10:07
ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје на 2 и 3 Септември ќе го реализираат настанот Skopje Light Festival 2022. За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје бара лица со соодветно стручно искуство во реализација на настанот за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.
- Диџеј 6 (шест)
ДиЏеј има задача да пушта музика и да биде дел од програмата во чил зоната. Истиот треба да биде афирмиран диџеј со бројни настапи зад себе.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е даден на 15.08.2022 и трае до 25.08.2022 година.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
________________________________________________________________________________________________________________
Јавен повик за надворешни соработници за Skopje Light Festival 2022 | Објавен на 01.07.2022 10:24
ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје на 2 и 3 Септември ќе го реализираат настанот Skopje Light Festival 2022. За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје бара лица со соодветно стручно искуство во реализација на настанот за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.
- Уметнички директор 1 (еден)
- Маркетинг и ПР 1 (еден)
- Графички дизајн и видео 1 (еден)
Уметничкиот директор има задача да изработи јавен повик и критериуми за јавен повик и селекција на учесници, да соработува и дава насоки на графички дизајнер, маркетинг и ПР и да допринесе за организација и реализација на целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Маркетинг и ПР има задача да изработи и реализира маркетинг и ПР план на манифестацијата, да соработува и дава насоки на графички дизајнер, уметнички директор и да допринесе за организација и реализација на целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Графички дизајн и видео има задача да ги изработи сите неопходни графички и видео материјали, да соработува со уметничкиот директор и маркетинг и ПР и да допринесе за организација и реализација на целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е даден на 01.07.2022 и трае до 15.07.2022 година.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
________________________________________________________________________________________________________________
Јавен повик за одржување на веб страна и Социјални Медиуми | Објавен на 01.06.2022 10:16
ЈУ Универзална сала – Скопје бара стручно лице или компанија со соодветно стручно искуство за одржување на веб страната и социјалните меидуми.
Лицето/Компанијата има задача да изработи годишен план на објави, да објавува за потребите на институцијата и да допринесе за реализација на плановите на ЈУ Универзална Сала, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е даден на 01.06.2022 и трае до 30.06.2022 година.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk