Јавен повик за ДиЏеј | Објавен на 10.08.2022 10:07
ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје на 2 и 3 Септември ќе го реализираат настанот Skopje Light Festival 2022. За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје бара лица со соодветно стручно искуство во реализација на настанот за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.
- Диџеј 6 (шест)
ДиЏеј има задача да пушта музика и да биде дел од програмата во чил зоната. Истиот треба да биде афирмиран диџеј со бројни настапи зад себе.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е даден на 15.08.2022 и трае до 25.08.2022 година.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
________________________________________________________________________________________________________________
Јавен повик за надворешни соработници за Skopje Light Festival 2022 | Објавен на 01.07.2022 10:24
ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје на 2 и 3 Септември ќе го реализираат настанот Skopje Light Festival 2022. За таа цел ЈУ Универзална сала – Скопје бара лица со соодветно стручно искуство во реализација на настанот за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.
- Уметнички директор 1 (еден)
- Маркетинг и ПР 1 (еден)
- Графички дизајн и видео 1 (еден)
Уметничкиот директор има задача да изработи јавен повик и критериуми за јавен повик и селекција на учесници, да соработува и дава насоки на графички дизајнер, маркетинг и ПР и да допринесе за организација и реализација на целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Маркетинг и ПР има задача да изработи и реализира маркетинг и ПР план на манифестацијата, да соработува и дава насоки на графички дизајнер, уметнички директор и да допринесе за организација и реализација на целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Графички дизајн и видео има задача да ги изработи сите неопходни графички и видео материјали, да соработува со уметничкиот директор и маркетинг и ПР и да допринесе за организација и реализација на целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е даден на 01.07.2022 и трае до 15.07.2022 година.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk
________________________________________________________________________________________________________________
Јавен повик за одржување на веб страна и Социјални Медиуми | Објавен на 01.06.2022 10:16
ЈУ Универзална сала – Скопје бара стручно лице или компанија со соодветно стручно искуство за одржување на веб страната и социјалните меидуми.
Лицето/Компанијата има задача да изработи годишен план на објави, да објавува за потребите на институцијата и да допринесе за реализација на плановите на ЈУ Универзална Сала, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија, мотивациско писмо за учество во реализација на манифестацијата.
Јавниот повик е даден на 01.06.2022 и трае до 30.06.2022 година.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на info@univerzalna.com.mk