FjsjfEZWIAAUF3L-1024x576 ПОВИК „Скопје 2028“

ПОВИК

за изразување интерес за основачи на здружение за имплементација на проектот Скопје “Европска престолнина на културата 2028 “

ЈУ Универзална Сала како носител на апликацијата за проектот “Европска престолнина на културата 2028” за Град Скопје како носител на титулата – Европска престолнина на културата 2028, ги поканува сите национални и меѓународни експерти, национални и меѓународни невладини организации (НВО) да го изразат својот интерес за аплицирање за основачи на Здружение Скопје2028 за реализација на проектот “Европска престолнина на културата 2028“ (во натамошен текст: Скопје ЕПК 2028). 

Предмет на овој повик е изаразување интерес за  основачи  на Здружение за поддршка и реализација на проектот “Скопје ЕПК 2028“.

Со овој Повик за изразување на интерес за основачи на Здружението Скопје2028 се бараат:

– 2 (две) невладини организации од областа на културата, од кои една национална, а една од Европска Унија, и

– 2 (двајца) експерти од од кои еден национален, а еден од Европската Унија.

За Проектот

Градот Скопје е назначен за Европска престолнина на културата за 2028 година, престижна титула што ја доделува Европската унија за да го слави и промовира богатството и различноста на културите во Европа, кој има за цел да генерира значителни културни, социјални и економски придобивки, да ја поттикне урбаната регенерација, да го трансформира градот, да ја соедини културата, да даде Европска димензија и долгорочна придобивка и да ја подобри неговата препознатливост и на меѓународно ниво.

  1. Услови за учество

Пријава  за учество по овој Повик може да поднесат сите заинтересирани физички лица и невладини организации од Република Северна  Македонија и од Европска Унија со:

  • Покажана експертиза во релевантни области од областа на културата (уметноста, наследството, урбаниот развој, меѓународната соработка итн), предност ќе имаат кандидати со експертиза на и во проекти од Европска Престолнина на културата.
  • Претходно искуство во управување со проекти во областа на културата или културни иницијативи.
  • Посветеност на целите и вредностите на проектот Скопје ЕПК 2028.
  • Способност да се соработува ефективно во мултикултурна и мултидисциплинарна средина.
  • Невладините организации треба да бидат официјално регистрирани во РСМ или во една од државите-членки на ЕУ и да имаат евиденција/ портфолио со релевантни проекти од областа на културата (уметноста, наследството, урбаниот развој и меѓународната соработка итн).
  • Потребни документи

Заинтересираните физички лица-експерти од областа на културата треба да ги достават следниве документи:

  • Мотивационо писмо за изразување интерес не подолго од 1000 зборови (Letter of interest) со придонеси што можат да ги дадат во проектот.
  • Детално резиме на нивната екпертиза (CV) од облaста на културата и краток преглед на нивното релевантно искуство (портфолио).
  • Доказ за поседување на меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик не постар од 5 години издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ

Заинтересираните невладини организации од областа на културата треба да ги достават следниве документи:

  • Писмо за  изразување на интерес не подолго од 1000 зборови (Letter of interest) со придонеси што можат да ги дадат во проектот.
  • Детално резиме на нивното релевантно искуство од облсата на културата (портфолио),
  • Документ за регистрација (тековна состојба). Невладината организација е потребно да постои минимум 5 години.
  • Доказ за претставникот што ќе ја претставува невладината организација за поседување на меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик не постар од 5 години издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ.

Апликантите од Република Северна Македонија да ги достават документите на македонски и англиски јазик.

Апликантите од ЕУ да ги достават документите на англиски јазик.

  • Рок за доставување

Рокот на доставување на документите е 18.03.2024 на info@skopje2028.mk

  • Обврски на основачите

Основачите на Здружението би придонеле со својата експертиза и активно ќе се вклучат во активности поврзани во културата, со акцент на мотото на проектот “Културата над поделбата” – културното наследство, дигиталната култура, маргинализираните групи, еколошките прашања, инклузијата, културното образование, креативните и културните индустрии, европската димензија, меѓународната соработка, долгорочната придобивка, ПР и маркетинг стратегија, ревизија, евалуација, мониторинг и повеќе.

  • Важни датуми:

Краен рок за аплицирање: 18.03.2024

За прашања и дополнителни информации, ве молиме контактирајте го Г-дин Мирослав Кацаров на 070 379 448.

Ви благодариме за вашиот интерес заедно со Град Скопје да го дадете својот придонес на проектот “Европска престолнина на културата 2028”.

“Културата над поделбата”

ЈУ Универзална Сала Скопје

CALL

for expression of interest for founders of an association for the implementation of the Skopje “European Capital of Culture 2028” project

The Public Entity Universal Hall, as applicant for the project “European Capital of Culture 2028” for the City of Skopje as European Capital of Culture 2028, invites all national and international experts, national and international non-governmental organizations (NGOs) to express their interest in applying for founders of the Skopje2028 Association for the implementation of the “European Capital of Culture 2028” project (hereinafter: Skopje ECOC 2028).

The subject of this call is the expression of interest for founders of the Association for the support and implementation of the “Skopje ECOC 2028” project.

This Call for expressions of interest is seeking the following:

– 2 (two) non-governmental organizations experienced in the field of culture, of which one is national and one is from the European Union, as well as

– 2 (two) experts, one national and one from the European Union.

About the Project

The city of Skopje has been designated as European Capital of Culture for 2028, a prestigious title awarded by the European Union to celebrate and promote the richness and diversity of cultures in Europe, which aims to generate significant cultural, social and economic benefits, to encourage urban regeneration, transform the city, unite culture, give a European dimension and long-term benefit and improve the City’s status at the international level as well.

  1. Conditions for participation

Application for participation under this Call can be submitted by all interested natural persons and non-governmental organizations from the Republic of North Macedonia and from the European Union with:

  • Demonstrated expertise in relevant areas of culture (art, heritage, urban development, international cooperation, etc.), candidates with expertise in projects from the European Capital of Culture will be preferred.
  • Previous experience in project management in the field of culture or cultural initiatives.
  • Commitment to the goals and values of the Skopje ECOC 2028 project.
  • Ability to collaborate effectively in a multicultural and multidisciplinary environment.
  • NGOs should be officially registered in RNM or in one of the EU member states and have a record/portfolio with relevant projects in the field of culture (art, heritage, urban development and international cooperation, etc.).
  • Application documents

Interested natural persons-experts in the field of culture should submit the following documents:

  • Letter of interest no longer than 1000 words with their contributions they can make to the project.
  • A detailed summary of their expertise (CV) in the field of culture and a brief overview of their relevant experience (portfolio).
  • Proof of possession of an internationally recognized certificate of knowledge of the English language not older than 5 years, issued by an official European tester, a member of the ALTE association of European testers at the B2 CEFR level, i.e. IELTS with 5-6 points, FCE, BEK C, ILEK, ICFE, BULATS, or Aptis, or TOEFL PBT at least 500 points, TOEFL CBT at least 175 points or TOEFL IBT at least 60 points, or DELF, TCF, TEF

Interested non-governmental organizations in the field of culture should submit the following documents:

  • Letter of interest no longer than 1000 words with contributions they can make to the project.
  • A detailed summary of their relevant experience in the field of culture (portfolio),
  • Registration document. The NGO must be registered at least 5 years before the deadline for this call.
  • Evidence for the representative of the NGO of having an internationally recognized certificate of knowledge of the English language not older than 5 years, issued by an official European tester, a member of the ALTE association of European testers at the B2 (B2) CEFR level, i.e. IELTS with 5-6 points, FCE, BEK C, ILEK, ICFE, BULATS, or Aptis, or TOEFL PBT at least 500 points, TOEFL CBT at least 175 points or TOEFL IBT at least 60 points, or DELF, TCF, TEF

Applicants from the Republic of North Macedonia should submit the documents in Macedonian and English.

EU applicants should submit documents in English.

  • Delivery deadline

The deadline for submitting the documents is 18.03.2024 via the following email:  info@skopje2028.mk

  • Obligations of founders

The founders of the Association would contribute with their expertise and actively engage in activities related to culture, with an emphasis on the slogan of the project “Culture over division” – cultural heritage, digital culture, marginalized groups, environmental issues, inclusion, cultural education, creative and cultural industries, European dimension, international cooperation, long-term benefit, PR and marketing strategy, audit, evaluation, monitoring and more.

  • Important dates:

Application deadline: 18.03.2024

For questions and additional information, please contact Mr. Miroslav Katsarov at 070 379 448.

Thank you for your interest in contributing to the “European Capital of Culture 2028” project together with the City of Skopje.

“Culture over division”

PE Universal Hall Skopje