Skopje Light Festival 2024

ЈАВЕН ПОВИК за избор на предлог концепти во рамките на Фестивалот на Светлината

“SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2024”

Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видео проекции поставени на различни локации низ централното подрачје на градот на 5 октомври со своите светлосни перформанси им се промовираат на посетителите.

Светлината е извор на енергија а човекот ја перципира преку бои, сенки и форми. Материјата е во интеракција со светлината и прави формата визуелно да егзистира притоа создавајќи бесконечен свет на трансформација.

Да влеземе во моќниот свет на светлината и нејзините форми.

Право на учество

На повикот право на учество можат да земат сите заинтересирани автори кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосни инсталации, видео арт или го користат светлото како главен метод на визуелно и уметничко изразување.

На повикот се повикуваат сите заинтересирани учесници да аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства, а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.

Услови за финансирање

За добивање на финансиските средства за спроведување на фестивалот “SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2024”, физичко или правното лице треба да ги исполни следните услови:

· Физичкото или правното лице да се пријави со креативен концепт или дело од областа на светлосната уметност (фокус на Фестивал на светлината), Истиот може да биде во партнерство со национални, јавни, приватни или независни институции и организации од областа на култура, наука и/или технологија.

· Апликации за одредена локација треба се во согласност со местото, опкружувањето и историското значење на објектите на локацијата.

· Апликациите треба да ги исполнуваат барањата на овогодинешната тема на конкурсот: Светлосни форми (SHAPE OF LIGHT)

Начин на аплицирање

Сите заинтересирани кандидати, потребно е да ги пријават своите дела или концепти на официјалниот емаил на фестивалот: info@univerzalna.com.mk и lightfestival@univerzalna.com.mk или во адресирано плико по пошта до ЈУ „Универзална сала“ бул. „Партизански одреди“ 45, или лично во архивата на ЈУ „Универзална сала“ со моментално седиште во ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци” на 2ри спрат, заклучно со 16.09.2024 година.

Со пријавата, заинтересираните кандидати задолжително треба да достават:

· Наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проектот, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција за реализација на истата.

· Да се наведе локација за која се аплицира од локациите кои се обележани на веб – страницата на ЈУ Универзална Сала

· Фотографии и/или видео од делата доколку истите биле претходно изложени

· Потребна опрема за реализација на делото

· Професионално портфолио

· Кратка биографија (CV)

Трудовите ќе ги оценува стручна комисија, а за резултатите од Конкурсот, одбраните учесници ќе бидат информирани по е-маил, најдоцна до 16.09.2024 година.

Комисијата го задржува правото да ги промени локациите, зависно од потребите.

Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2023