Blog

Повик за изразување интерес за основачи на здружение за имплементација на проектот Скопје “Европска престолнина на културата 2028 “

ЈУ Универзална сала ги известува сите заинтересирани страни дека е објавен повикот за „Европска престолнина на културата 2028 година“. На претходно објавениот повик по истекот на предвидениот рок не се пристигнати доволен број на апликации. ЈУ Универзална сала како носител на проектот „Скопје ЕПК 2028“ го отвора за изразување интерес за основачи на здружението кое ќе ја имплементира програмата за Скопје 2028.

По добивањето на титулата, панелот на Европската комисија одговорна за доделување и редовен мониторинг на титулата Скопје ЕПК 2028 испрати извештај со препораки за имплементација на проектот Скопје ЕПК 2028. Меѓу другите, една од препораките е што поскоро основање на независно тело до градот кое ќе биде одговорно за имплементација на програмата во рамки на проектот Скопје ЕПК 2028, по пример на ЕПК низ Европа и согласно нашата легислатива.

Со цел имплементација на проектот „Скопје Европска престолнина на културата 2028“ а согласно Законот за здруженија и фондации на РСМ, во член 15, став (2) здружение можат да основаат најмалку пет основачи од кои тројца од основачите мора да имаат живеалиште или престојувалиште, односно седиште на територијата на Република Македонија, а како основачи и членови на организација можат да бидат и странски лица.

Имајќи предвид дека еден од основачите на Здружението ќе биде Град Скопје, останатите се поделени на тој начин да се испочитува одредбата од Законот и да се има баланс во основачката структура односно 2 здруженија и 2 експерти од областа, од кои по еден од РСМ и по еден од Европската Унија.

Ова исто така беше одлучено согласно препораките од панелот на ЕК, здружението да биде од меѓународен карактер и да вклучи експерти и од ЕУ. Дополнително, целиот процес се имплементира според препораките на ЕК и панелот за ЕПК и е под константен мониторинг од нивна страна.

Ги замолуваме сите заинтересирани страни доколку сакаат да добијат дополнителни информации за Скопје Европска престолнина на културата 2028 да се обратат на маил-от info@skopje2028.mk.